✉ info@kukunes.com.mk
✆ 046 780 003
Контакт Инфо
КУКУНЕШ

Индустриска зона Мислешево
6330 Струга
✆ 046 780 003


✉ info@kukunes.com.mk

Информации
КУКУНЕШ
МЕТАЛАЦ
КУКУНЕШ
За Нас
Фирмата КУКУНЕШ ДООЕЛ Струга е основана во 1996 година, со основна цел вршење на трговска дејност.
Од 1999 година сме ексклузивен застапник и увозник на производите на Металац Посуѓе од Горњи Милановац, Р.Србија за пазарот во Република Македонија, а од 2008 година и за производите од програмата на Металац Траде од Горњи Милановац. Подоцна, од 2013 и 2014, респективно, стануваме и ексклузивни застапници и увозници за производите на Металац Инко и Металац Бојлер, за Р. Македонија.
Располагаме со сопствен магацин и изложбен салон во Струга и вршиме достава на трговска стока, со сопствен возен парк, на цела територија на Р.Македонија.
Производи
Металац Посуѓе ДОО произведува емајлирани, инокс и non-stick садови за домаќинство, Металац Инко ДОО - инокс и гранитни садопери и мијалници и Granmatrix композитни плочи, Металац Бојлер ДОО произведува електрични акумулациони и малолитражни бојлери, додека Металац Траде ДОО се занимава со трговија на големо на увозен асортиман производи за домаќинства, кои се продаваат под трговската марка Sigma.
Визија
Кукунеш Дооел се занимава исклучиво со продажба на големо. Наша цел е преку широката мрежа на комитенти во малопродажниот сектор, кои редовно ги снабдуваме, да ги направиме производите од фирмите чии застапници сме, што подостапни до крајните купувачи во целата земја.
Нашите основни начела според кои се водиме во работата се чесност, професионалност и насоченост кон потребите на купувачите.
Наша цел е производите од нашиот асортиман, чиј квалитет е докажан и плод на долгогодишна традиција, да бидат присутни во секој дом, ресторан и хотел низ цела Македонија.
Остварувањето на таа цел е можно само преку успешна и плодна соработка со сите наши комитенти, која се темели на взаемна доверба, почит и исполнителност, а со краен резултат, задоволни купувачи кои повторно ќе се вратат да ги побараат и купат нашите производи.

Квалитетот поблиску до Вас
КУКУНЕШ Дооел Струга е фирма која работи во секторот трговија на големо и сме ексклузивен увозник на производите на МЕТАЛАЦ АД Горњи Милановац, за Република Македонија. Ние се грижиме, преку широката мрежа на наши комитенти во малопродажниот сектор (во речиси сите градови низ Македонија),да овозможиме што поголема достапност на овие производи до крајните купувачи. Квалитетот на производите од брендот МЕТАЛАЦ, кои покриваат повеќе сегменти од домаќинството, е плод на долгогодишна традиција, користење на најквалитетните репроматеријали и константно усoвршување според потребите на купувачите и современиот живот.
КУКУНЕШ

Индустриска зона Мислешево
6330 Струга
046 780 003
info@kukunes.com.mk
powered by EASY|WEB