✉ info@kukunes.com.mk
✆ 046 780 003

Квалитетот поблиску до Вас
КУКУНЕШ Дооел Струга е фирма која работи во секторот трговија на големо и сме ексклузивен увозник на производите на МЕТАЛАЦ АД Горњи Милановац, за Република Македонија. Ние се грижиме, преку широката мрежа на наши комитенти во малопродажниот сектор (во речиси сите градови низ Македонија),да овозможиме што поголема достапност на овие производи до крајните купувачи. Квалитетот на производите од брендот МЕТАЛАЦ, кои покриваат повеќе сегменти од домаќинството, е плод на долгогодишна традиција, користење на најквалитетните репроматеријали и константно усoвршување според потребите на купувачите и современиот живот.
КУКУНЕШ

Индустриска зона Мислешево
6330 Струга
046 780 003
info@kukunes.com.mk
powered by EASY|WEB
Експрес лонец
• Експрес лонецот M-INOX е направен од високо квалитетен не`рѓосувачки челик 18/10, лесно се чисти и одржува и векот на траење му е речиси неограничен.
• Има акутермно дно со дебелина од 8 мм, кое е одличен акумулатор на топлина.
• Анатомските рачки, со модерен дизајн, овозможуваат комфорност и сигурност при ракувањето.
• Работниот вентил е тежински, што го прави сигурен и долготраен, а поставен е во центарот на куполата на капакот, каде најмногу делува притисокот.
Повеќекратна сигурност – експрес лонецот M-INOX има четири системи на заштита со што се овозможува сигурна и брза подготовка на храна:
a) Вентил за отпуштање на притисок / отпусен вентил (бр.14) – обезбедува да не се надмине максималниот работен притисок во лонецот, кој е дозвоен според меѓународните прописи. Вентилот е вграден во системот за отпуштање притисок во лонецот (под рачката со копче)
b) Работен вентил (бр.8) – тежински вентил (се активира кога притисокот во лонецот ќе ја совлада тежината на вентилот) кој е поставен на средината на капакот и има задача да го испушта вишокот пара од лонецот кога ќе се постигне максималната температура и притисок на готвење. Почетокот на излегувањето на парата, кое е пропратено со играње и шиштење (преку отворите од страна) на овој вентил, е и почеток на варењето на храната, така што од овој момент се мери времето на готвење.
c) Сигурносен вентил (бр.5) – овој вентил се активира во несакан случај, кога не функционираат работниот и отпусниот вентил. Ако тоа се случи, тој овозможува проток на вишокот притисок преку бочните отвори на уредот за апсорбирање на топлина.
d) Сигурносен отвор (од страна на капакот) – во најлош случај, кога сите три вентили не се во функција, притисокот во садот ќе расне до одреден момент ( p = 3bar). Кога тоа ќе се слуши, притисокот во лонецот ќе ја помести силиконската заптивка надолу и ќе го отвори сигурносниот отвор, така што вишокот пара непречено ќе излегува надвор. Затоа, лонецот секогаш треба да се поставува така што сигурносниот отвор да биде одспротива на тој што ракува со лонецот. На овој начин, се обезбедува максимална сигурност на ракувачот.
Отворање и затворање на експрес лонецот:
a) Безбедно затворање на експрес лонецот- затворањето на капакот се врши преку бајонет систем (пераите на лонецот и свитканите делови на капакот) кој е моментално најбезбеден систем на пазарот zatvaranje poklopca se vrši preko bajonet sistema (peraja na loncu i povijeni delovi na poklopcu) koji je trenutno najbezbedniji sistem na tržištu
b) Сигурносен систем за отворање – овој систем спречува лонецот да се отвори додека не се активира вентилот за отпуштање, да го ослободи притисокот во лонецот.
• Надворешната површина на лонецот е високо полирана (mirror polishing), а внатрешната е изработена во сатен (saten finish).
• Експрес лонецот е изработен по европскиот стандард EN12778.