✉ info@kukunes.com.mk
✆ 046 780 003

Квалитетот поблиску до Вас
КУКУНЕШ Дооел Струга е фирма која работи во секторот трговија на големо и сме ексклузивен увозник на производите на МЕТАЛАЦ АД Горњи Милановац, за Република Македонија. Ние се грижиме, преку широката мрежа на наши комитенти во малопродажниот сектор (во речиси сите градови низ Македонија),да овозможиме што поголема достапност на овие производи до крајните купувачи. Квалитетот на производите од брендот МЕТАЛАЦ, кои покриваат повеќе сегменти од домаќинството, е плод на долгогодишна традиција, користење на најквалитетните репроматеријали и константно усoвршување според потребите на купувачите и современиот живот.
КУКУНЕШ

Индустриска зона Мислешево
6330 Струга
046 780 003
info@kukunes.com.mk
powered by EASY|WEB
Пекач
• Емајлиран челичен сад и капак со метални рачки вклопени во геометријата на садот. Специјално наменет за печење на сите видови месо, во рерна.
• Долниот дел на садот е конструиран со дно кое е направено од неколку елиптични жлебови и испупчувња. Жлебовите имаат функција на собирање на сите сокови, маснотии и кондензати. Со испарувањето во потполно затворен систем на печење доаѓа до забрзана кондензација. Така подготвената храна во сопствениот динст има исклучително високо ниво на зачувани важни состојки и има особено пријатен вкус и боја. Испапчените прстени не дозволуваат храната да загори и затоа садот не треба да се отвора се додека не се заврши процесот на печење.
• Горниот дел на садот (капакот) можете да го користите за аранжирање храна со разни видови салата. Истовремено, горниот сад е погоден за самостојно користење за подготовка на разни видови пити, печење тесто и торти по избор.
• Со користењето на пекачот избегнувате испарување, а со тоа и кондензирање на маснотии во рерната, што е значајна заштеда во времето за чистење.