Тава Wok Professional 28
Professional е премиум линија на non-stick алуминиумски садови со трослоен PTFE Platinum Plus премаз внатре и матирана алуминиумска површина однадвор. Алуминиумот како одличен спроводник на топлина, во комбинација со трослојниот премаз кој спречува лепење и загорување, овозможува брза, едноставна и економична подготовка на храна.
Алуминиумското јадро ја пренесува топлината брзо и рамномерно, па штеди енергија, а витамините и минералите остануваат зачувани. Инокс рачката е обликувана за лесно и безбедно ракување.
Изработен во склад со сите домашни и светски стандарди за садови.
ПРЕПОРАКИ
· Користете дрвен или пластичен прибор за мешање и не сечете храна директно во садот
· После употреба измијте го садот со сунѓер, во топла вода со благ раствор на детергент
· Во случај да дојде до загорување на храната, во садот сипете топла вода, оставете малку да одстои и потоа со сунѓер отстранете ги остатоците од храна без користење челична жица и абразивни средства.
• Висина (mm): 85
• Пречник (cm): 28
• Материјал: Алуминиум
• Капак: Без
• Одржување: Рачно миење