✉ info@kukunes.com.mk
✆ 046 780 003

Квалитетот поблиску до Вас
КУКУНЕШ Дооел Струга е фирма која работи во секторот трговија на големо и сме ексклузивен увозник на производите на МЕТАЛАЦ АД Горњи Милановац, за Република Македонија. Ние се грижиме, преку широката мрежа на наши комитенти во малопродажниот сектор (во речиси сите градови низ Македонија),да овозможиме што поголема достапност на овие производи до крајните купувачи. Квалитетот на производите од брендот МЕТАЛАЦ, кои покриваат повеќе сегменти од домаќинството, е плод на долгогодишна традиција, користење на најквалитетните репроматеријали и константно усoвршување според потребите на купувачите и современиот живот.
КУКУНЕШ

Индустриска зона Мислешево
6330 Струга
046 780 003
info@kukunes.com.mk
powered by EASY|WEB
Акумулационен бојлер KlassA со сув греач
"Освен со потполно новиот дизајн, KlassА бојлерите се одликуваат со бројни технички унапредувања, кои пружаат повисоко ниво на функционалност и овозможуваат поедноставно сервисирање на бојлерите.
Предностите на сувиот греач се состојат во поедноставната замена на греачот во случај на дефект –без празнење на бојлерот, како и помалото издвојување на бигор во текот на експлоатација на бојлерот, со што се обезбедува поголема ефикасност и помал трошок на електрична енергија. Во бојлерите KlassA вградени се два суви греачи од по 1 kW, така што во случај на дефект на едниот, бојлерот може да работи со другиот греач, односно на корисникот не му се ускратува топлата вода.

Карактеристики
• Регулација на температура со помош на два одвоени термостати (работен и сигурносeн)
• Брза и лесна демонтажа на заштитната капа
• Брзо и лесно поврзување на електричата мрежа
• Брза и лесна замена на сувиот греач без празнење на бојлерот
• Во бојлерот се вградуваат 2 греачи, така што во случај на дефект на едниот греач, бојлерот може да работи со другиот
• Пречникот на отворот на прирабницата од ø100 mm овозможува брзо и лесно чистење на казанот на бојлерот
• Универзалниот носач овозможува едноставна монтажа
• Инокс изливна цевка за топла вода
• Помало издвојување на бигор во тек на експлоатацијата